Познатиот пејач испрати порака на поддршка за својот постар колега кој се лечи во Сараево.
Легендата на балканската музика Халид Бешлиќ неодамна беше хоспитализиран поради нарушено здравје. Најпрво бил примен на одделението за нефрологија во Клиничкиот центар во Сараево, а потоа префрлен на клиника за онколошки пациенти, каде што продолжува со терапија. Веста предизвика загриженост кај неговите бројни обожаватели.
Во медиумите се огласи неговиот помлад колега, пејачот Никола Роквиќ, кој откри дека бил во контакт со синот на Халид – Дино. Тој му пренел дека пејачот е решителен да се бори и покрај тешката ситуација.
Не е слаб по дух и тоа е најважно,“ истакна Никола.
Поврзани објави
Потоа додаде:
Халид е прекрасен човек кој секогаш бил поддршка за нас младите уметници, но и за луѓето воопшто. Се надевам дека ќе ја добие оваа битка и дека ќе продолжи да ни пее уште долго,“ додаде Роквиќ.
Тој нагласи дека за сè друго ќе одлучи Божјата волја, но верува дека позитивниот дух и силата на Халид ќе му помогнат во процесот на лекување.
printskrin Youtube – Grand Online nikola rokvic