Почетна Убавина и здравјеНесвесно прави 3 грешки поради кое семејството се распаѓа – Убавина и здравје

Несвесно прави 3 грешки поради кое семејството се распаѓа – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Често се случува жените целосно да се претопат во улогата на мајка или сопруга, со што го уништуваат своето среќно семејство

Во традицијата на нашиот народ длабоко вкоренето било жената да молчи, да трпи и да се грижи за децата и домашните обврски. Неретко, таа немала право да донесе каква било одлука во домот, постојано угодувајќи им на другите, а занемарувајќи се себеси. Биле потребни децении за припадничките на понежниот пол да го кренат гласот и да се изборат за подобра иднина. И потоа, сè отиде во друга крајност. Денес, жените се преоптоварени, бидејќи од нив се очекува да бидат одлични домаќинки, уште подобри мајки, а потоа и неверојатно успешни во својата работа.

Но експертите забележуваат дека сржта на проблемите што го уништуваат апсолутно секое семејство, останала иста. А како функционира една среќна и задоволна заедница, открива познатиот руски мотивациски говорник, Александар Палиенко.

„Жено, кога имаш нешто да кажеш, кажи. Кога потиснуваш и молчиш, така ги предаваш твоите сакани. Жената не мора да објаснува зошто, но важно е да каже како се чувствува. Кога жената се грижи за децата, таа не се исполнува себеси и таа негативна енергија им ја пренесува на децата. Кај децата тоа се одразува со нарушено здравје, проблеми и запаѓање во неволји“, објаснува Палиенко.

Семејството може да се распадне ако жената:

Се занемарува себеси

Жената несвесно го уништува своето семејство кога се занемарува себеси, сметајќи дека нејзиното име и постоење не значат ништо. Од друга страна, кога сте среќни, исполнети, комуницирате на еднакво ниво со членовите на семејството, се чувствувате како жена и не им угодувате на сите занемарувајќи се себеси, тогаш својата енергија ја претворате во среќа и задоволство. Таа среќа и задоволство потоа им ја пренесувате на децата и на сопругот.


Поврзани објави

Не ги искажува своите чувства

Жената мора да ги искаже своите чувства, а мажот мора да ја разбере. Мора да разбере дека ако нема позитивна и креативна енергија во жената, тогаш нешто сериозно не е во ред. И не е ни важно зошто, важно е тоа да се промени.

Не напредува

Ако жената сака да постигне повеќе, мажот треба да ѝ биде поддршка. Подоцна заедно ќе уживаат во задоволство што ќе им го овозможат плодовите на нејзината креативност, труд, работа и позитивност.

Напредувањето на мажот и тоа како влијае врз жената! Ако мажот се развива, а жената не, жената нема да ги сака неговата работа и успех, без разлика колку пари заработува, бидејќи парите не можат да го надоместат чувството на исполнетост.

Затоа, идејата мажот да заработува, а жената да седи дома, да се грижи за домот и децата (секако, освен ако тоа не ја исполнува целосно), не е добра.

ФОТО: Vitaly Gariev / Unsplash