Пејачката Ана Николиќ и креативниот директор на „Гранд“ Саша Поповиќ првпат се запознале кај нејзиниот сегашен партнер, композиторот Горан Ратковиќ Рале, но таа средба била доста бурна.
Поповиќ еднаш се присети на таа средба и призна дека воопшто не била пријатна. Иако е познат како неприкосновен стручњак за препознавање таленти, погреши во проценката за Ана Николиќ!
Поповиќ еднаш во емисија откри како ја избркал Ана Николиќ од студио.
Ќе ти кажам една анегдота. Беше 2000 или 2001 година, не знам точно кога го отворивме Гранд, а работевме на десет албуми одеднаш. Тоа беше неверојатно. Дојдов на состанокот на Стоја, таа беше можеби најпродаваната со тогашните цедеа и касети“ – се присети Саша Поповиќ во емисијата „Шоуто продолжува“.
Поврзани објави
Потоа продолжи:
Влегувам внатре и гледам дека Рале работи со некоја пејачка што не сум ја видел досега. Велам: „Рале да работиме, луд ли си, која е оваа пејачка сега овде?“. Јас и реков: „Слушај, излези надвор“. Кога излезе од кабината, и реков: „Која си ти по ѓаволите?!“. Потоа ми кажа дека еден ден ќе биде популарна, на што и одговорив: „Никогаш нема да бидеш, излези“, откри Поповиќ и додаде дека Николиќ се прославила по една година.
„Ја поканив на Гранд шоу и таа доаѓа и ме потсетува како ми кажа дека ќе биде популарна“ – се присети Поповиќ.
Фото: printskrin Youtube/ K1 Televizija
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: