Почетна МакедонијаНема поголеми демократи од нив – Бектеши: Никогаш не била затворена дебатата во ДУИ

Нема поголеми демократи од нив – Бектеши: Никогаш не била затворена дебатата во ДУИ

од nenad
1 минути читај за

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека во ДУИ дебатата никогаш не е затворена, односно секогаш е отворена.

Според него, ДУИ е единствената партија која 10 часа дебатира внатре во партијата и за образование и за економија и за многу други работи.

„Нема потреба да се иронизира изразот „ахметизам“, бидејќи Ахмети и членовите на ДУИ се решени за интеграциска стратегија во Европа. Ние прифаќаме поинакво мислење, но одлуката на мнозинството мора да се почитува“, вели Бектеши.

Тој вели дека ДУИ има правила и се поддржува кој има поддршка од мнозинството.

„Дебатата никогаш не запира кај ДУИ. Секој член има право да отвори различни теми во рамките на состаноците. Ова е демократија“, додава Бектеши.

Инспирирано од: infomax.mk