Почетна ЕкономијаНема неисправни автобуси, само недостатоци, вели директорот на ЈСП

Нема неисправни автобуси, само недостатоци, вели директорот на ЈСП

од nenad
1 минути читај за

-Според моите информации што ги имаме, во моментов нема. Во изминатиот период имаме неколку, два автобуси мислам дека беа што се исклучени од сообраќај за да бидам транспарентен и искрен, коишто се исклучени од сообраќај на технички преглед, но не за суштествени неисправни работи како систем за кочење, волан или било што.

   

Туку, за неработење на некое штоп-светло или несоодветна, можеби во моментот, прегорена сијалица или пукнатина на некои стакло коешто тековно… знаете какви се кај нас улиците низ градот, кадешто автобусите се високи и секојдневно настанува нивно оштетување – рече Кушовски.Тој додаде дека автобусите имаат клима уреди, но во моментов во базата во Ѓорче Петров имало 27 автобуси коишто се со неисправни клима уреди. Според Кушовски, ЈСП нема проблем со бројот на возачи и тврди дека имаат постојан прилив.