Принцот Џорџ ќе ја наследи круната и Кејт има само една мисија: да го воспита според вредностите што и самата ги негува
Принцот Џорџ никогаш нема да може да живее нормален живот, со оглед на тоа што е третиот во редот за наследство во британското кралско семејство. Неговото раѓање беше долго посакувано, а неговото растење будно следено.
Додека луѓето ширум планетата се интересираат за неговите хобија и за секој негов збор, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон имаат план како да го воспитаат.
Планот гласи: придржувај се до „методот Мидлтон“ при воспитувањето на децата, а тоа значи „држи ги цврсто на земја“.
Што значи тоа?
Поврзани објави
„Внимателно ѝ ги претставуваат на јавноста, ги носат само на неопходни јавни настапи за да не ги експонираат премногу и за да им овозможат што понормално детство“, тврди експерт за кралското семејство.
„Мислам дека тоа што веќе подолго време го гледаме е како Вилијам и Кејт го следат моделот на воспитување на семејството Мидлтон“, открил Ларкомб.
„Тоа значи силно семејство: браќа, сестри, сите заедно. Семејството како единствена единка.“
Експертите велат особено принцот Џорџ внимателно го чуваат од очите на јавноста и тука најголема улога на заштитник има самиот Вилијам.
„Вилијам сака да ги заштити своите деца што е можно подолго, да им овозможи некакво привидно нормално детство.“
Експертите за кралското семејство тврдат дека Кејт е загрижена за тоа што може да им го направи јавното внимание на нејзините деца, бидејќи имала можност да ги види лошите работи што ги носи публицитетот. Многумина сметаат дека на Вилијам и Кејт ќе им биде сè потешко да ги држат своите деца на земја.