По 25 години брак, Драгана Мировиќ и Тони Бјелиќ официјално се разведоа, а пејачката доби значителен дел од заедничкиот имот...
Драгана Мировиќ и Тони Бјелиќ го финализираа разводот по 25 години заеднички живот. Она што најмногу ја изненади јавноста е дека пејачката го доби речиси целиот заеднички имот.
Мировиќ стана сопственичка на луксузниот замок во близина на Виена, кој со години важи за еден од највпечатливите имоти во нејзина сопственост. Покрај тоа, таа ја задржа и телевизијата „DM Sat“.
Поврзани објави
Според неофицијални информации, во нејзина сопственост премина и една фабрика за автомобили, која досега ја водеше Тони. Тој наводно се повлекол од јавноста и се преселил во Германија.
Драгана не се огласи со детали, но извори блиски до неа велат дека е мирна и задоволна од исходот. Таа планира целосно да се фокусира на кариерата и нови проекти.
printskrin Youtube-Kurir