Почетна Убавина и здравје„Некоj би рекол завеса, некој ноќница – ама јас одлепив“ – Убавина и здравје

„Некоj би рекол завеса, некој ноќница – ама јас одлепив“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Манекенката и водителка Данијела Димитровска, која важи за една од најелегантните дами на јавната сцена, повторно успеа да го сврти вниманието кон себе со необичен моден избор.

На својот инстаграм-профил таа објави видео во кое носи широка бела креација, дури два броја поголема од нејзината стандардна големина.

„Како ви се чини овој изглед? Некој би рекол дека ова е завеса, некој дека е ноќница… ама јас одлепив. Толку што зедов два броја поголема, бидејќи беше скоро распродадена. Така е, како е – кога нешто ми се допаѓа, не прашувам! Мислам дека баш е фора што е поголема… Што велите вие?“, напиша Даниела.

 

Иако повеќето жени тешко би се осмелиле да облечат вакво издание, Димитровска уште еднаш покажа дека со својот стил и харизма умее да изнесе сè – од гламурозна тоалета до креација која неодоливо потсетува на „завеса“.

Фановите на социјалните мрежи беа воодушевени од нејзината смелост и уникатен пристап кон модата, оставајќи бројни позитивни коментари.

Димитровска претходно откри и што се крие зад нејзиниот негуван изглед. Денот го започнува со вода и лимон и пробиотик, за доручек најчесто јаде палента со сирење и кисело млеко, за ручек претпочита тортиља со туна, зеленчук и сирење, а за вечера потаж од тиква и свежа салата со авокадо и сланина.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин