Ни една година подоцна не може да закрепне од траумата што ја доживеала
Своевремено студентите масовно заминуваа во Америка на програмата Work and Travel, каде што за време на распустот работеа и се забавуваа. Сега тоа е популарно и во други држави, но оваа девојка која отишла во Германија дефинитивно не очекувала вакво искуство кога се впуштила во оваа авантура.
Имено, една недела откако се вселила во станот, почнале да се случуваат чудни работи, а кога се пожалила, никој не ѝ верувал.
Насекаде во станот почнале да се појавуваат црви. На подот, во аглите, а на крајот и на заглавјето од креветот во нејзината спална соба. Чистела со правосмукалка и по неколку пати на ден, но тие се појавувале одново и одново.
Поврзани објави
По три недели, конечно успеала да ги викне надлежните служби кои дошле да испитаат што е работата, бидејќи хигиената на станот, кој девојката редовно го чистела и одржувала, со сигурност не била проблемот.
Она што го откриле во станот над нејзиниот, девојката го смета за најтрауматичното искуство во нејзиниот живот.
Цели три недели во станот на горниот кат „живеела“ починатата сосетка.
Никој не го забележал ова освен оваа девојка која полудела поради непожелните „цимери“, црвите, кои ѝ го загорчувале животот цели три недели и тоа на самиот почеток од нејзиниот престој во Германија. Ниту една година подоцна не може да се соземе од оваа траума.