Од љубовта кон фризерството што ја открил уште како тинејџер до големиот меѓународен предизвик – приказната на Октај Сејди е пат исполнет со работа, истрајност и амбиција.
Октај Сејди годинава ќе ја претставува Македонија на светскиот избор за машка убавина „Mister International 2026“. Големиот настан е закажан за 26 септември во Тајланд, каде што Октај веќе пристигна и ги очекува активностите поврзани со натпреварот.
Иако денес има изградено име во светот на убавината, неговиот професионален пат не започнал лесно. Со стилизирање на косата почнал да се занимава уште на 14 години, а на само 20 години го отворил својот прв салон. Како што раскажува, на почетокот не добивал голема поддршка од колегите.
Еден од ретките кои верувале во неговиот успех бил познатиот стилист Дадар. Октај се присетува дека тогаш многумина не верувале дека толку млад може да изгради сериозна кариера, но со текот на годините работите се промениле. Денес зад себе има повеќегодишно искуство и соработки со познати лица од домашната и регионалната, но и од светската сцена.
Сега пред него стои сосема нов предизвик – меѓународниот натпревар на кој ќе има можност не само да се претстави себеси, туку и да ја промовира Македонија пред публика од различни земји. Без оглед на конечниот пласман, неговото учество веќе е нов чекор во кариерата.
Поврзани објави
Октај од Тајланд преку социјалните мрежи споделува дел од атмосферата и покажува дека чувствува голема поддршка од Македонија.
Постојано добивам пораки и ве чувствувам како да сте до мене, па дури и на 12.000 километри далечина“, порача тој во една од своите објави.
Screenshot FB и Википедија