Почетна Убавина и здравјеНеверојатна приказна – Убавина и здравје

Неверојатна приказна – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Риона доживеала ужасна несреќа во 2017 година и оттогаш сè се сменило во нејзиниот живот

Животната приказна на Риона Кели (42) од западен Јоркшир е како од филм. Таа имала навидум совршен живот, 14 години била во брак и имала четири деца. Но сообраќајната несреќа променила сè. Риона доживеала мозочен удар, а докторите ѝ соопштиле дека никогаш нема да може да оди. Само пет дека откако дознала дека ќе остане во инвалидска количка, ѝ пристигнале документи за развод.

Сопругот, кој бил 14 години во брак со неа и со кого имала четири деца, одлучил да ја напушти. Се правдал дека сакал да го направи тоа и пред несреќата што ја доживеала, иако Риона истакнала дека никогаш немал проблеми. Открила дека во тој момент сакала да си посегне по животот. Најдобрата пријателка Сара ѝ била огромна поддршка, се грижела за нејзините деца и била тука за сè што ѝ требало на Риона.

„Првиот пат кога излегов надвор во инвалидска количка, мислев дека сите ме гледаат, го мразев тоа и се мразев себеси. Тогаш да ми дадеше некој да одбирам помеѓу животот и смртта, ќе го одберев второто, бидејќи не сакав веќе да живеам. Кога ќе се присетам малку подобро, се чувствував лошо во бракот, но изградивме заеднички живот и имавме одговорност кон децата. Во тој период сопругот ми беше најпотребен, а тој ме напушти“, раскажала Риона.


Поврзани објави

Сообраќајната несреќа се случила во 2017 година. Риона одела на терапии кај Кит Мејсон. По некое време и се вљубила во него. Благодарение на неговите вежби, но и големата љубов и внимание, и покрај лошите прогнози, Риона повторно проодела.

„Буквално го влечев телото, бидејќи не ги чувствував нозете, но не ми беше грижа. Одев и само тоа беше важно. По четири месеца поминати во болница, зајакнав и застанав на нозе. Ми требаа 25 минути за само 16 чекори, но бев упорна и поради моите деца“, се присетила Риона и додала дека конечно живее живот каков што заслужува.

„Количката ми треба само за поголеми дистанци, но мојот дом не е приспособен за неа, па се трудам да ја користам што помалку. Сега вежбам во вежбалница, а со помошта на Кит, секој ден станувам сè посилна“, заклучила Риона која учествувала во маратона во инвалидска количка.

Сега може да оди самостојно. Во февруари 2022 имала сериозна операција на срцето, за што Кит, исто така, ги известувал нејзините следбеници на социјалните мрежи и ги замолил да се молат за закрепнувањето на Риона. За жал, според најновите информации, Кит и Риона не се веќе заедно. Кит објавува фотографии со новата партнерка на својот инстаграм-профил, а не се знае каде и што прави Риона денес.

ФОТО: Инстаграм, Јутјуб