Почетна Убавина и здравјеНа 19 години цел свет ја познаваше! Како денес изгледа згодната актерката што ја играше Касандра во приватниот живот (фото)

На 19 години цел свет ја познаваше! Како денес изгледа згодната актерката што ја играше Касандра во приватниот живот (фото)

од nenad
1 минути читај за

Добро се држи за годините…

Касандра е Венецуелска ТВ новела од периодот на 1992-1993 година . Сценариото е напишано од Делија Фиало, а режисери се Грацио Дангело и Олегарио Барера. Главен лик на серијата е Касандра, Кораима Алехандра Торес Дијаз, млада Циганка која се венчава за богат човек. Меѓутоа, таа не сфаќа дека е внука на домаќинот на таа куќа. На првата брачна ноќ, мажот на Касандра, Игнасио, е убиен, а Касандра ја обвинуваат за убиство.

Оваа теленовела имаше 150 епизоди и постигна голем успех ширум светот, а особено во Македонија, Србија, Бугарија, Русија, како и во други држави.

Серијата Касандра влезе во Гинисовата книга на рекорди како ТВ серија на шпански јазик што се емитувала во најмногу држави (128). Продукција и дистрибутивна куќа на оваа серија е Coral International, сега познат како RCTV International.


Поврзани објави

Актерката што ја играше Касандра, Кораима Алехандра Торес Дијаз е родена во 1973 година во Валенсија, Венецуела и е најмалата од четирите деца во семејството. Таа е во брак со колумбискиот актер Николас Монтеро со кого го имаат синот Ману Нико.

Кариерата ја започнала како 9-годишно девојче. Играла во локалниот театар „Групо Арлечин“. Нејзината прва теленовела беше Алондра во 1989, за по три години односно во 1992 година да и се случи Касандра, која ќе ја направи позната и популарна низ целиот свет.

Фото: Инстаграм