На 14 години првпат виде море, а денес е најбараниот пејач од „Ѕвезда Гранда“
Слоба Радановиќ првите чекори во светот на естрадата ги направи на музичкиот натпревар Ѕвездите на Гранд, а по учеството стекна огромна популарност.
Тој денес важи за еден од најбараните пејачи, меѓутоа во детството не било се така безгрижно како денес.
Пејачот неодамна откри дека за прв пат заминал на одмор во тинејџерските години.
Поврзани објави
Првпат на море отидов на 13 или 14 години.Ме одведе брат ми. Направивме се што можевме во тие моменти да си поминеме убаво, да си поминеме незаборавно во тие десет дена. Немаше ништо премногу, дури беше и многу скромно“ – рече Слоба и призна дека му полудува кога ќе чуе „патлиџан туристи“:
„Дали е важно што јадеш и каде живееш? Важно е сите да дојдеме на оваа плажа и да се капеме и да уживаме во сонцето. Навистина се глупости коментарите: „Патлиџан туристи“! Па што јадете дома, не јадете домати? Луѓето носат што имаат, се снаоѓаат, важно им е да ги однесат децата да видат море. На 14 години за прв пат во животот видов море и тогаш се воодушевив. Денес е истото тешко време. Секој кој денес успеал да однесе деца на море е супер родител“ – изјави тој еднаш за локалните медиуми.
Фото: printskrin Youtube/Zvezde Granda и printskrin Youtube/Blic
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: