Јадењето здраво овошје му обезбедува на телото хранливи материи и антиоксиданси кои можат да го зајакнат целокупното здравје. Погледнете кои се најкорисни за вашиот имунитет.
Исхраната богата со овошје и зеленчук може да го намали ризикот од срцеви заболувања, рак, воспаление и дијабетес. Тоа е одличен извор на есенцијални витамини и минерали, а изобилува и со растителни влакна.
Ова се дел од најхранливите овошја што треба да ги консумирате:
1.Лимони
Тие се цитрусно овошје што често се користи во традиционални лекови поради здравствените придобивки.
Цитрусните овошја меѓу кои и лимоните, содржат активни компоненти наречени фитохемикалии што вклучуваат:
- витамин Ц
- фолна киселина
- калиум
- пектин
2.Јагоди
Јагодите се црвено овошје со висока содржина на вода и многу витамини и минерали . Семињата обезбедуваат многу диетални влакна по порција.
Поврзани објави
Од особено значење, тие содржат хранливи материи кои може да помогнат во зајакнувањето на здравјето на срцето.
3.Портокали
Портокалите се меѓу најбогатите извори на витамин Ц, а едно средно овошје обезбедува 78% од дневната потребна вредност на витамин Ц за една личност. Дополнително содржат и витамин А, важно за здрава кожа и вид, и витамини од групата Б кои помагаат во одржување на здравиот нервен и репродуктивен систем.
4.Капини
Капините содржат многу семиња, па затоа имаат висока содржина на влакна. Ова значи дека тие може да помогнат во подобрувањето на здравјето на цревата и здравјето на срцето.
5.Банани
Бананите се добро познати по нивната висока содржина на калиум. Калиумот му помага на телото да го контролира крвниот притисок.
Фото: Freepik.com