14
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека на Украина и треба прекин на огнот, преговори и мир, како и дека „дипломатите мора да ја преземат контролата од генералите“.На состанокот на парламентарната група „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент, во францускиот град Морманс, Сер Вернисон, Орбан изјави дека политичарите кои се залагаат за војна сакаат да веруваат дека војната мора да продолжи, пренесе унгарската агенција МТИ.„Ве уверувам дека оваа војна не може да се добие, нема решение на бојното поле, само мртви, страдања и уништувања“, посочи тој.