Почетна ЕкономијаНа Табановце влегле над 133 илјади граѓани, на Богородица излегле скоро 38.000 патници

На Табановце влегле над 133 илјади граѓани, на Богородица излегле скоро 38.000 патници

од nenad
1 минути читај за

Подемот на туристичката сезона, продолжениот викенд, и повратокот на македонските државјани кои работат во западноевропските земји, се отсликуваат и во денешните податоци од Министерството за внатрешни работи за преминување на државната граница.

На најоптоварениот граничен премин „Табановце“, од 1 август до денес, до 10 часот, вкупно влегле 133,165 луѓе, додека во истиот период излегле 73,640 лица.

“На граничниот премин „Табановце“ од 1 август 2025 од 10:00 часот до денеска, до 10:00 часот влез во државата оствариле 52,399 македонски државјани, а излез оствариле 27,690 македонски државјани.”

Во однос на странските државјани, во истиот период влез во нашата земја забележале 80,766, а ја напуштиле 45,950, известуваат од Министерството за внатрешни работи за МИА. Оттаму наведуваат дека се мобилизирани сите човечки и технички ресурси со цел да се убрза движењето на патници, преку спроведување на неопходните гранични контроли.

Зголемен обем на сообраќај е регистриран и на граничниот премин „Богородица“ кон Грција. Во истиот период (01.08.2025 од 10:00 часот до 03.08.2025 до 10:00 часот) влез оствариле 29,959 патници, додека излез оствариле 37,806 патници. “Влез во државата оствариле 11,472 македонски државјани а излез оствариле 16,011 македонски државјани.”

Во врска со странските државјани, во истиот временски период влез во нашата држава реализирале 18,487, а ја напуштиле 21,795, информираше МВР. И на овој премин, Министерството ги презема сите неопходни мерки и се ставени во употреба сите човечки и технички капацитети со цел да се олесни преминот на патници, со вршење на задолжителните гранични проверки.

МВР и останатите надлежни служби постојано ги потсетуваат возачите да бидат претпазливи, да ги почитуваат правилата и прописите, да возат одморени, да одмораат, да надополнуваат течности и безбедно да пристигнат до посакуваната дестинација.