Работничка во продавница е осудена на општествено корисна работа затоа што ја малтретирала бившата партнерка на своето момче испраќајќи ѝ серија несоодветни видеа.
Рајан Еванс се изјасни за виновна за малтретирање пред судиите, а обвинителството детално го опиша нејзиниот необичен начин на комуникација со жртвата.
Во првото несоодветно видео, Еванс ја става камерата на задникот и испушта гас“, се наведува во обвинението.
За време на сослушувањето во Судот во Кернарфон, обвинителите открија дека Еванс ѝ испратила три дополнителни видеа на Дебора Прајтерч преку WhatsApp на 22 декември, додека во следните денови жртвата добила уште четири слични видеа.
Судот утврди дека тие ја покажале Еванс како испушта гас и се смешка во камерата.
Полицијата се вклучила кога дознала за малтретирањето и Еванс била предупредена, но таа продолжила со испраќањето пораки и за Нова година.
Откако беше уапсена во нејзиниот дом, Еванс призна дека ги испратила видеата, а судот ја осуди на една година општокорисна работа, со дополнителни парични казни.
Таа ги испрати видеата бидејќи чувствувала дека нејзиниот партнер го третира неправедно“, изјави обвинителката Дијана Вилијамс.
Поврзани објави
Тоа беше чисто злонамерно. Таа се смешкаше за време на снимањето, ѝ беше забавно, но на жртвата не ѝ е.
Дебора Прајтерч изјави пред судот:
Сакам да се чувствувам безбедно во мојот дом.
Судот дознал информации за тешкото детство на обвинетата, како и за нејзините психички проблеми.
Нејзината адвокатка, Хариет Горст, истакна дека има проблеми околу старателството над децата меѓу Еванс, нејзиниот партнер и неговата бивша партнерка.
Во моментот кога ги испраќала снимките, била под дејство на алкохол и сега разбира дека тоа предизвикало вознемиреност кај жртвата. Таа немала намера да повреди“, рече адвокатката.
Судот ја осуди Еванс на 15 сесии за рехабилитација, 60 дена надзор поврзан со алкохолот и двегодишна забрана за контактирање со жртвата.
Тоаа мора да плати и отштета од 100 фунти и судски трошоци од 199 фунти.
Фото: Инстаграм