На пејачот Александар Вуксановиќ, попознат како Аца Лукас, му се слошило на аеродромот „Никола Тесла“ по лет од Цирих, кога десната нога му откажала на момент.
Според изјавите на очевидците, Аца Лукас бил видно уморен на враќањето од „тезга“, а при излегувањето од авионот бил целосно беспомошен.
На летот од Цирих, Аца бил исцрпен и блед, а не успеал да спие ниту една минута. Кога излегуваше, во главата почна да му се врти, а десната нога целосно му откажа, не ја чувствуваше. Сцената беше многу потресна. Се тргна настрана и се фати за ѕидот. Добри неколку минути не можеше да ја движи ногата“, изјавил еден од патниците.
Поврзани објави
И покрај огромната болка, Лукас се трудеше максимално да се вразуми и да го сокрие проблемот со кој се соочува. Носел капа и темни очила, а избегнувал контакт со луѓе.
Неколку луѓе забележаа дека нешто не е во ред, сепак Аца брзо дојде при себе. Очигледно е замор поради честите настапи. Лукас по инцидентот мораше да се појави пред бројни новинари каде зборуваше за смртта на Саша Поповиќ. Тој се потруди никој да не забележи дека пред само неколку минути бил речиси неподвижен“, заклучува истито извор.
Фото: printskrin Youtube/ Two Louder TV