Вирална стана снимката на која Јелена Карлеуша ѝ дава пари на непозната жена на гробишта, а сега се огласи и жената која добила 50 евра од пејачката.
Погребот на Саша Поповиќ го одбележа потресна сцена. Имено, новинарите го снимиле моментот на гробиштата кога Јелена Карлеуша и дала 50 евра на непозната жена која просела.
Пејачката прво разговарала со неа, ја погалила по главата, а потоа извадила банкнота од 50 евра и и ја дала. Јелена Карлеуша воодушеви многумина со овој гест, но некои коментираа дека се работи за маркетиншки трик, мислејќи дека Јелена го направила ова за фоторепортерите да ја „уловат“.
Жената што ги добила парите рекла дека гестот на пејачката бил искрен и дека зад помошта не стои никаква задна намера.
Поврзани објави
Таа е многу добра жена! Ми даде пари од срце! Штом видов луѓе, леле, побегнав од срамот. Таа даде сè од своето срце. Сите овде ме знаат, искрена сум, не лажам. Секогаш барам да се чистат и одржуваат спомениците. Сите ме знаат“, вели жената за локалните медиуми.
Фотографија од тој момент може да погледнете ОВДЕ
Самата Јелена Карлеуша го одбележа и овој настан и видеото кое стана вирално на социјалните мрежи.
Фото: printskrin Youtube/ Jelena Karleusa