Пејачот не ја заборава родната земја – неговата луксузна вила во Брестач изгледа како палата!
И покрај славата и настапите, Дарко Лазиќ остана верен на родниот Брестач. Победникот на Ѕвездите на Гранд од четвртата сезона не само што не го напушта селото, туку вложува сериозни средства за да го направи својот дом вистински рај.
Новата фасада, импресивната ограда и дворот уреден со сиво-бели коцки се само дел од визуелната магија која ја краси оваа модерна вила. Дарко живее таму со сопругата Катарина и ќерката Срна, и вели дека тоа е местото каде му е срцето.
Внатрешноста на куќата зрачи со елеганција – бел ентериер, пространа дневна со голем телевизор, дрвени елементи и украсни растенија создаваат топла, но стилска атмосфера. Иако за внатрешноста засега нема измени, Лазиќ сака сè да блеска според најновите трендови.
Поврзани објави
Пејачот не штеди кога станува збор за домот – секој агол од куќата покажува дека тука живее човек кој знае што значи вкус и квалитет. Брестач, благодарение на него, доби своја „ѕвезда на мапата“!
printskrin Youtube-Republika TV