Почетна Убавина и здравјеЕве што ми направи мојата ex bestie! – Убавина и здравје

Еве што ми направи мојата ex bestie! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Нов ден, нова драма…

Хелоу, it’s me, вашата најдобра виртуелна пријателка Stargirl, која барем еднаш во неделата ќе споделува со вас чудни, смешни, па дури и срамни животни ситуации.

Првично, денес планирав нешто друго да ви раскажам, но случајно вчера падна муабет за мојата ex bestie и си реков ах, мора да ви кажам какви сочни драми ми се случуваа со неа и зошто веќе не сме блиски, т.е. не сме во никаков контакт.

Сите имаме во нашиот живот некоја „другарка“ што на почетокот изгледа како најдобра пријателка, но потоа се претвора во некоја смешна и истовремено трагична ситуација. Оваа приказна е токму за таква „другарка“.

Кога ја запознав во средно школо, помислив дека конечно ја најдов сестрата која никогаш не сум ја имала. Делевме смеа, тајни и незаборавни моменти, нашето пријателство стана толку силно што мислев дека никој и ништо не може да го уништи. Но се покажа дека животот имал други планови, и како што времето поминуваше, нештата почнаа да се менуваат.

Секој мој чекор, секоја моја одлука, како да ѝ беа мапа за следење. Таа беше како огледало што ги рефлектираше сите мои потези и одлуки. Моите омилени хобија? Нејзини омилени хобија. Моите омилени книги? Нејзини омилени книги. Моите омилени парфеми? Нејзини омилени парфеми. Дури и мојот нов стил на облекување? Погодете, нејзин нов стил на облекување! Еднаш решив да ја осветлам косата, буквално по три дена ја видов со идентична фризура!

Најсмешно од сè е што јас ништо од ова не забележав сè до моментот кога моите други пријателки почнаа да ми ги посочуваат работите што мојата „bestie“ ги копира од мене. Дури и тогаш не ја сфатив ситуацијата многу сериозно, си реков можеби сум ѝ инспирација, или едноставно имаме исти интереси. Затоа и ми е толку блиска, нели?

Е па работите станаа навистина сериозни кога таа почна да им се додворува на сите момци што мене ми се допаѓаа. Не ми верувате дека е до толку очајна? Дечки, штом ѝ раскажам за некој лик што ми се допаѓа, таа веднаш го заследуваше на социјалните мрежи, иако не се ни знае со типот, а потоа пробуваше да почне разговор со него.

За ова на почетокот не знаев, но еден ден оваа ситуација се случи со дечкото во кој навистина бев многу заљубена, Јаков.

На госпожава ѝ зборував цела година за Јаков, не постоеше ден а јас да не го споменам во реченица, детално ѝ опишував се’ што ми се случуваше со него, за на крајот таа да му признае дека била „заљубена“ во него! За ова веднаш ми кажа Јаков, со овие зборови:

Поврзани објави

Оваа другарка ти, многу се залета по мене, не знам што ѝ е.“

Како можеш да бидеш заљубена во човек со кој што си направила муабет 2 пати во твојот живот, а? Плус, знаеш дека ми се допаѓа многу и константно комуницирам со него… По сè’, јас да продолжам да се дружам со неа? Ха, нема шанси, babes!

Откако дознав за ситуацијата со Јаков, имавме жестока расправија. И тоа беше последната капка што ја прелеа чашата. Решив дека е време да ставам крај на ова лудило и да го прекинам контактот.

Со тешко срце, ѝ реков дека не можам повеќе да ги издржам таа љубомора и копирањето. Се разбира, не беше лесно. Се чувствував како да изгубив дел од себе, но знаев дека тоа е потребно за да најдам свој мир.

Откако ја прекинавме комуникацијата, почувствував големо олеснување. Почнав да си го живеам својот живот, без таа да биде мојата сенка 247.

Интересно е како понекогаш луѓето што ни се најблиски можат да бидат и најголемите пречки во нашиот живот. Но на крајот од денот, вистинските пријатели ќе останат, а тие што само се преправаат, ќе се изгубат во своите сопствени копии. И така, мојата приказна со поранешната најдобра другарка заврши, оставајќи ме со поука дека најважно е да бидеме верни на себе и да го живееме својот сопствен живот, без разлика на тоа што другите ќе го кажат или направат.

Дали и вие имате некои интересни случки со другарки, или бивши другарки кои сметате дека вреди да се споделат?

Можете слободно да нè контактирате на [email protected].

Пишува: Stargirl