Почетна Убавина и здравјеНајдоброто од Игор Џамбазов на голем концерт на „Антички театар“ – Убавина и здравје

Најдоброто од Игор Џамбазов на голем концерт на „Антички театар“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



На 19-ти јули 2025 година во Антички театар во Охрид со почеток во 21 часот публиката ќе има можност да го слушне „Најдоброто од Игор Џамбазов“ – порачуваат организаторите на големиот концерт на отворено во Охрид.

На сцената ќе го придружува и неговиот блуз – соборец Гуру Харе со својот бенд.

Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, “Труба” „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, “Македоникејшн” „Во бестрага“ како и материјалот од новиот албум „Првите триесет“. Бидејќи ќе биде „The Best Off” концертот ќе се снима за телевизиски проект.


Поврзани објави

Влезниците ќе бидат достапни уште од оваа среда 4-ти јуни, а истите можат да се набават преку продажната мрежа на: www.mktickets.mk и на тезга – пунктот кај „Аждерот“ во Охрид.

Фото: Инстаграм Принтскрин