Сместен помеѓу бујна вегетација и зеленило на источната страна од земјата се наоѓа Виница, мало гратче со помалку од 15.000 жители кое покажува високо ниво на еколошка свесност. Луѓето кои живеат таму поставуваат пример за тоа како целта станува лесно остварлива, доколку сите заеднички придонесат.
Виница е една од општините во која се поставени Повратни вендинг машини на Пакомак и каде што апликацијата ЕкоМак активно се користи секојдневно. Според податоците обезбедени од Пакомак, граѓаните на Виница во текот на 2024 година собрале и успешно одложиле дури 596.012 парчиња шишиња и лименки преку ПВМ.
Истовремено, апликацијата ЕкоМак има 1,397 регистрирани корисници на територијата на Општина Виница, што ако се земе предвид големината на овој град претставува навистина значителен одзив и интерес.
Општина Виница е само еден во низата примери на мали, но неверојатно посветени заедници, која ја разбира важноста на имањето чиста и здрава животна средина. Вистинска еко еволуција на свеста се случува во повеќе општини во земјата, каде што луѓето се будат и решаваат да го дадат својот придонес за отпадот наместо на депонија, да заврши онаму каде што му е местото.
Еко одговорноста се наоѓа во секој еден од нас, но понекогаш ни треба малку мотивација за да ја извадиме на површина. А токму тука ја наоѓа својата улога Пакомак, кој преку воведувањето на современа отпадна инфраструктура, но и со обезбедувањето на повеќекратна корист за корисници, успева да ги мотивира луѓето во општеството да станат поодговорни за она што природата ни го оставила на користење.