Почетна Убавина и здравје„Наркомани и алкоси, фуј!“ Врие на социјалните мрежи, ова е причината (ФОТО) – Убавина и здравје

„Наркомани и алкоси, фуј!“ Врие на социјалните мрежи, ова е причината (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Пејачката отворено ги нападна српските актери, обвинувајќи ги за надменост и лицемерие.

Јелена Карлеуша повторно предизвика бура во јавноста, овој пат со жестока критика кон српските глумци. Таа на социјалната мрежа X изнесе низа навреди, опишувајќи ги како „надобудни, замислени и зависници“.

Откако ѝ беше укинат Инстаграм профилот со над 2,4 милиони следбеници, пејачката е активна на X, каде секојдневно коментира општествени и естрадни теми. Во последниот напад таа истакна дека глумците се сметаат за елита, иако, според неа, пејачите се вистинската „господа“.


Поврзани објави

Карлеуша и претходно ги обвинуваше актерите, особено поради нивните политички ставови. Таа тврди дека глумците, иако живеат од државни пари преку сериите и филмовите финансирани од „Телеком“, истовремено ја критикуваат власта и испраќаат пораки кои го збунуваат народот.

Во една од своите последни изјави во емисијата „Хит твит“, пејачката додаде дека таквото однесување е „сп*дња“ и дека глумците немаат право да земаат пари од државата, а во исто време да ја напаѓаат. Таа порача дека ако сакаат да протестираат, тогаш нека одбијат улоги и државно финансирање.

printskrin youtube – karleusa – republika