Инфлуенсерката и пејачка со емотивна порака ја одбележа втората роденденска свеченост на својата помлада ќерка.
Луна Џогани со радост објави дека нејзината помала ќерка Лана денеска го слави вториот роденден. Пејачката и инфлуенсерка ја сподели среќната вест преку Инстаграм, каде што објави фотографии и видеа од малата славеничка.
Во емотивната порака, таа се наврати на моментот кога се родила Лана, нарекувајќи ја „ангел“ кој ја направил пресреќна.
Нека те Бог чува. Биди здрава, насмеана и секогаш посебна како што си,“ напиша Луна, по што пристигнаа бројни честитки од пријатели, следбеници и јавни личности.
Поврзани објави
Лана е втора ќерка на Луна и Марко Миљковиќ, кои својата љубовна приказна започнаа пред очите на јавноста во реалното шоу „Задруга“. Иако многумина не веруваа во нивната врска, а дури и семејството беше против, двојката успеа да ја круниса љубовта со брак и семејство.
Вестите за роденденот уште еднаш потсетија на тоа колку емоции и внимание предизвикува ова семејство на социјалните мрежи. Луна и Марко денеска важат за еден од најпознатите инфлуенсерски парови во регионот.
printskrin youtube – sikter tv – luna dzogani