Познатата фитнес инструкторка почувствувала ненадминлив бол што прераснал во итна операција, но сега е дома и закрепнува.
Наместо да го почувствува морето и адреналинот од пловидбата, Ана Стојанова неочекувано се најде во болничка сала. Патувањето кое требаше да биде ново искуство со Армијата, се претвори во борба со силни болки кои ја одведоа директно кај лекарите.
Првичните симптоми изгледале како замор, но состојбата брзо се влошила. Медицинскиот тим утврдил дека нема простор за чекање и дека е неопходна итна хируршка интервенција. Одлуката не била лесна, но операцијата поминала успешно и ѝ го спасила здравјето.
По неколкудневен престој во болница, Ана Стојанова се врати дома и го продолжува процесот на заздравување. Таа е опкружена со поддршка од своето семејство и пријатели, кои со нетрпение чекаат повторно да ја видат активна и насмеана.
Планиравме да испловиме во 13 часот од Волос, но нашата едрилица беше готова дури во 17 часот. Додека ние чекавме, другите две веќе одамна беа тргнати.
Сè ова ме потсети дека некогаш токму „задоцнувањето“ е она што нè спасува. Колку и да планираме, не е сè во наши раце…
Денес сум само среќна и благодарна што сè заврши добро“, стои во дел од објавата на Стојанова на Инстаграм.
Поврзани објави
Ова искуство ѝ донесе ново сознание – дека и најсилните мора да застанат кога телото предупредува. Ана вели дека е благодарна за успешната интервенција и дека наскоро ќе се врати на своите обврски и страсти, но со уште поголемо внимание кон здравјето.
Фото: Instagram printscreen-ana stojanova