Ви откриваме едноставен рецепт за грчки пилав со пилешко месо
Пилавот најчесто се приготвува со пилешко месо и ориз, но домаќинките многупати одбираат погрешно месо за ова јадење. Ако сакате да биде повкусен, најдобро е да го искористите целото пиле, а еве како Грците го прават тоа…
Состојки:
- 1 цело пиле
- 250 г ориз
- 1 главица кромид
- 60 г путер
- 400 мл пилешки бујон
- 2 домата
- 1 морков
- 60 г столчени ореви
- 1 лажиче мајчина душица
- бибер, по вкус
- сол, по вкус
Приготвување:
Поврзани објави
Сварете го пилето во околу 600 мл вода. Извадете го, одвојте го од коските и исечкајте го на тенки рабови.
Сварете го измиениот ориз во тенџере со вода, во сооднос еден спрема два и пол. Процедете.
Пржете ги кромидот и морковот исечкани на средни коцки во тавче со путер, додека кромидот стане стаклест. Додајте сол, бибер, мајчина душица и пилешко месо и пржете пет минути.
Сипете топол бујон и попарен домат, излупен и исечкан на коцки, ореви и гответе додека испари водата од доматот.
Додајте го сварениот ориз, промешајте и тргнете го јадењето од рингла.