Почетна Убавина и здравјеЗалаци кои смируваат: Овие намирници треба да ги конзумирате кога сте нервозни

Залаци кои смируваат: Овие намирници треба да ги конзумирате кога сте нервозни

од nenad
1 минути читај за

Следниот пат кога ќе бидете под притисок и преблиску до точка на пукање, посегнете по оваа храна.

 

 

Германско истражување открива дека витаминот Ц помага во стресни ситуации. Познатиот витамин го намалува стресот и го враќа крвниот притисок и кортизолот на нормално ниво.

  • Сладок компир

Слаткиот компир може да биде од голема корист при намалување на стресот, затоа што ја намалува потребата за благо кога сте под голем стрес. Полн е со бета-каротен и други витамини и влакна кои му помагаат на телото.

Сувите кајсии се богати со магнезиум кој е одличен против стрес. Освен тоа и природно ги опушта мускулите.

  • Бадеми, фстаци и ореви

Бадемите се мали пакетчиња полни со витамин Б и Е кои помагаат во подобрување на имунолошкиот систем. Оревите и фстаците помагаат во намалување на крвниот притисок.

Недостатокот на магнезиум може да предизвика мигрена, обична главоболка и чувство на умор. Една шолја спанаќ осигурува 40 проценти од дневната потреба за магнезиум.

Исхраната богата со омега-3 масните киселини штито од срцеви болести, а исто така го намалуваат нивото на кортизолот – хормонот на стрес и адреналин.