Почетна Убавина и здравјеНад 48 милиони денари донирани за жртвите од пожарот во Кочани – Убавина и здравје

Над 48 милиони денари донирани за жртвите од пожарот во Кочани – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Црвениот крст и Владата обезбедуваат итна финансиска помош; државата ги покрива трошоците за лекување на повредените

Повеќе од 48 милиони денари (околу 780 илјади евра) се собрани преку солидарната сметка на Црвениот крст за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Средствата ги донираа граѓани, компании, општини и институции, соопштија од Црвениот крст.

Владата и Црвениот крст одлучија веднаш да исплатат првична финансиска помош од 150 илјади денари на семејствата на жртвите и повредените. Дополнително, Владата издвои 30 милиони денари за покривање на трошоците за сместување, храна и превоз на повредените кои се лекуваат во странство.

Министерот за здравство потврди дека лекувањето надвор од земјата во најголем дел е бесплатно, а ако има дополнителни трошоци, тие ќе бидат покриени од државата.


Поврзани објави

Семејствата на пациентите можат да побараат дополнителна поддршка од дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија, а за итни прашања се достапни телефонските броеви 075/273-732 и 075/268-736.

Граѓаните кои сакаат да помогнат можат да донираат со повик на бројот 143 400 или преку жиро сметката на Црвениот крст.

Фото: принтскрин социјални мрежи и Јутјуб