Бившиот тапанар на Сека Алексиќ, Огњен Мартиновиќ, открива детали од инцидентот и вината ја префрла на сопругот на пејачката, Вељко Пиљикиќ.
Во 2024 година, Сека Алексиќ и нејзиниот бенд беа приведени во една дискотека во Цирих. Полицијата изврши проверка на работните дозволи и утврди дека документите на дел од членовите на бендот не се во ред. Огњен Мартиновиќ, поранешен тапанар во бендот на Сека Алексиќ, потврди дека одговорноста главно ја сноси сопругот на пејачката, Вељко Пиљикиќ.
На својот Инстаграм, Огњен Мартиновиќ прво праша како можело ова да се случи само на бендот на Сека Алексиќ, а потоа сам објасни:
Менаџментот, односно Вељко, закажал настап кај сомнителен газда во кафана која веќе била предмет на рација. Членовите на бендот биле пратени без задолжителни работни дозволи“.
По настапот, полицијата ги задржала во притвор четири дена и им забранила влез во Шенген зоната на две години. Иако Сека Алексиќ може да патува со свои австриски документи, бендот останува без компензација, а секој член е меѓународно осуден за нелегална имиграција.
Според Огњен Мартиновиќ, поради ова, членовите на бендот ќе се соочуваат со потешкотии при добивање визи во иднина и можни проблеми на границите дури и по завршувањето на забраната.
printskrin youtube – fullscrean media – seka aleksic