Почетна ЕкономијаНад 31.000 лица поминале преку ГП „Табановце“ за време на продолжениот викенд, речиси 7 илјади на „Пелинце“

Над 31.000 лица поминале преку ГП „Табановце“ за време на продолжениот викенд, речиси 7 илјади на „Пелинце“

од nenad
1 минути читај за




Според податоците на граничниот премин „Табановце“, од полноќ од 2/3 август годинава до денеска до 11:00 часот, во државата влегле 15.071 патници, од кои 6.443 македонски државјани, а 8.628 странски државјани. Излез оствариле 16.737 патници, од кој 9.685 македонски државјани, а 7.052 странски државјани.

   

 

Граничниот премин „Пелинце“ на северната граница со соседна Србија, во летниот период повеќе го користат странски државјани, покажуваат податоците на МВР. Продолжениот празничен викенд на овој премин влез оствариле 5.126 патници, од кои 1.072 македонски државјани, а 4.054 странски државјани, излез оствариле 1.746 патници, 841 македонски државјани 905 странски државјани. И лани состојбата била слична, влегле 555 македонски државјани, 2.540 странски државјани или вкупно 3.095. Излез оствариле 595 македонски државјани, 792 странски или вкупно 1.387 лица.