Почетна ЕкономијаАндоновски ќе го презентира напредокот на Македонија во индексот на ОН за е-влада

Андоновски ќе го презентира напредокот на Македонија во индексот на ОН за е-влада

од nenad
0 минути читај за

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денес, 23 ноември, ќе одржи прес-конференција на која ќе го презентира напредокот на Македонија во Индексот на Обединетите нации за развој на е-влада за 2026 година.

Индексот на ОН за развој на е-влада (EGDI) ја оценува подготвеноста и капацитетите на државите за обезбедување дигитални јавни услуги, како и развојот на дигиталната инфраструктура и човечкиот капитал.

На прес-конференцијата се очекува министерот Андоновски да ги соопшти резултатите и да ги претстави позицијата и постигнувањата на земјава во ова меѓународно рангирање.