Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, денес имаше средба со членови на управата на боксерскиот клуб “Куманово и боксерите”, Бајрам Мамутовски и Фурхан Јашаровски, кои скоро постигнаа одлични резултати во силна конкуренција со освојување на златен и сребрен медал на меѓународни натпревари. Мамутовски беше прогласен за најдобар боксер на меѓународен турнир во Бујановац. Градоначалникот Максим Димитриевски им честита на боксерите за наградите кои ги освоија на меѓународните турнири во Бујановац и Бања Лука во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција, истакнувајќи дека општината Куманово продолжува да ги поддржува спортистите во нивниот неуморен труд за добивање на успеси и значајни резултати.
Наградено Боксерски клуб „Куманово“ на меѓународни турнири
75