Почетна ЕкономијаМуцунски во Лондон потпишува Декларација за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Муцунски во Лондон потпишува Декларација за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

од nenad
1 минути читај за

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој е во повеќедневна посета на Лондон, денес ќе се сретне со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами.

По завршувањето на состанокот, според најавите од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ќе биде потпишана Заедничка декларација за стратешко партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Оваа декларација има задача да ги унапреди стратешките билатерални врски помеѓу двете држави, опфаќајќи ја соработката во домените на надворешната политика, безбедноста и одбраната, посебно во рамките на НАТО, правдата и внатрешните работи, борбата против тешкиот и организираниот криминал, сузбивањето на корупцијата и илегалните финансиски текови, како и економскиот развој.

„Целта на посетата на Муцунски е интензивирање на севкупните билатерални односи преку зајакнување на политичкиот дијалог и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји“, појаснуваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

са/Фото: МИА архива .

Извор: МИА