Почетна ЕкономијаМуриќ: Подготвени сме за преговори за да се најде решение и да се прекинат блокадите

Муриќ: Подготвени сме за преговори за да се најде решение и да се прекинат блокадите

од nenad
0 минути читај за


Претставникот на приватните превозници, Кемал Муриќ, денеска истакна дека превозниците се подготвени за преговори и ќе ги тргнат автобусите, само ако добијат гаранција од Ковачевски за решавање на проблемот. „Со градоначалничката на Град Скопје, која е „маќеа на градот“ нема надеж за решавање на проблемот. Затоа, бараме повисок орган, кој во конкретниот случај е Владата. Бараме средба со премиерот и ова барање не претставува никаква закана. Ако  ни даде гаранција премиерот, веднаш ќе ги отстраниме блокадите“, изјави Муриќ.