Статијата ја опишува неверојатната природа на женското тело за време на породувањето.
Објавена е фотографија која ги прикажува анатомските промени што се случуваат за време на породувањето. Оваа неверојатна фотографија на жена за време на породувањето покажува колку човечкото тело е чудесно. Ви пренесуваме како изгледа анатомијата на породувањето, односно што се случува со телото на жената за време на породувањето.
Колку човечкото тело е навистина неверојатно најдобро се гледа токму на телото на жената при породување. Фактот дека за време на бременоста сите органи се поставени така што матката има доволно простор за да расте и да се развива бебето до тежината кога е подготвено за породување, додека самиот чин на породување е неверојатен доказ колку женското тело може да се приспособи.
Здружението North Dallas Doula и Tangi Birth Services, центар за бременост и породување од американската сојузна држава Луизијана, објавија на Инстаграм и Фејсбук моќна фотографија од жена која се породува. Фотографијата го прикажува женското тело од грб и открива што навистина се случува со коските, грбот и телото за време на напорите за раѓање на новороденчето. Покрај фотографијата напишаа:
Нашите тела се неверојатни! Сакаме да бидеме сведоци на ова величество!“
Објаснија и како „жената мора да го отвори грбот“ за да излезе бебето, додавајќи дека коските се поместуваат наназад во втората фаза од породувањето, со што се зголемува пречникот на карлицата.
Што се случува со телото на жената за време на породувањето?
Акушерката Барбара Финдлер ја објаснува анатомијата на породувањето:
„Бебето расте во матката и се раѓа преку карлицата. Вашата карлица е во облик на закривен оџак — токму вистинскиот облик за да помине главата на вашето новороденче за време на породувањето. Кога ќе ја погледнете структурата на женската карлица на попречен пресек одделен од остатокот на телото, одозгора се гледа залив кој потсетува на обликот на главата на бебето, а одоздола е излезот низ кој бебето поминува при породувањето.
Поврзани објави
За да разберете што се случува за време на породувањето, време е да ја запознаете вашата карлица — дел од телото кој е најдиректно вклучен во породувањето. Тоа е премин од коски низ кој вашето бебе патува кога ќе дојде на свет. За време на бременоста, вашето тело произведува хормони кои ги омекнуваат карличните зглобови за да ја зголемат нивната флексибилност и на тој начин да помогнат во раѓањето на бебето.
Женската карлица се состои од три големи коски — две странични и една сакрална, како и од една мала, таканаречена тртица. Страничните коски се поврзани со сакрумот преку зглобови зајакнати со лигаменти и меѓусебно се поврзани со ‘рскавичен спој (симфиза), односно со сврзно ткиво од ‘рскавица.
Сите овие споеви, кои се цврсти и неподвижни кога жената не е бремена, стануваат поеластични во текот на бременоста поради посебниот хормонален статус што се воспоставува тогаш. Големината на карлицата затоа не е фиксирана категорија, бидејќи четирите одделни коски се поврзани со лигаменти во зглобовите.
Хормонот релаксин ги опушта овие лигаменти во доцната бременост кога телото се подготвува за породување. Карлицата, која може да изгледа мала кога лежите, станува значително поголема кога сте во положба на сите четири, односно на раце и колена.“
Со својот раст, детето врши сè поголем притисок врз пршлените, а на крајот од бременоста, главата, која е најтежок дел, под влијание на гравитацијата се поместува надолу, следејќи ја кривата и достигнувајќи го сакрумот. Обликот на коските ја насочува главата да излезе под срамниот лак. Гравитацијата е исклучително важна при породувањето бидејќи зголемениот притисок овозможува карлицата полесно да се отвори, што може да го прошири просторот низ кој бебето излегува до 28 проценти.
Срамнат коска може да се прошири за цел сантиметар и малку повеќе за време на породувањето, за да се овозможи премин на главата на вашето бебе.
Двата карлични зглобови, исто така, се прошируваат странично и се отвораат за да го зголемат просторот на родниот канал и да го прифатат обликот на бебешката глава додека се спушта низ карлицата.
Тртицата исто така се движи за време на породувањето, со што просторот се проширува за два сантиметри. Коските за седење можат дополнително да го зголемат преминот за уште 1,5 сантиметри.
Акушерката нагласува дека жената при породувањето му помага на процесот преку своето движење:
Не седете на коските, бидејќи во тој случај вашите движења се ограничени. Можете да се спуштите на сите четири или да клекнете, да ги ставите нозете од страна и да седнете на нозете. Во секој случај, треба да го користите своето тело и да избегнувате лежење. Ако е можно, качувајте се по скали.“
Фото: Инстаграм