Хај дечки, еве ме повторно мене да ве изненадам со уште едно од моите патешествија, кое дефинитивно е next level spicy.
И од претходните мои исповедувања можете да заклучите дека јас сум магнет за драми, каде што е Stargirl, таму се и драмите, но ова што ќе ви го раскажам сега е убедливо мојата највозбудлива драма досега, драма во која признавам дека и јас сум делумно, ако не и целосно, виновна за случувањата.
Ама што да правам, дозволив чувствата да ме водат а не разумот, ми се чинеше како да не е реално сè што ми се случуваше, како да сум во некој паралерен универзум, или, пак, како да сум лик во возбудлива романтична серија.
Забранета љубов… Ех, таа е најслатката, а во исто време толку е тешка и горка што може да направи да ви се слоши, но на крајот на денот вие повторно ја посакувате, станувате зависни од тој горчлив, но навидум сладок вкус. Буквално како дрога, ако еднаш ја пробаш, тешко ќе се оттргнеш од неа.
Јас секогаш сум била против плеткање со зафатен дечко. Тоа е нешто што никогаш не сум го поддржувала, но оваа ситуација ме наведе да се прашам дали срцето навистина може да го контролира разумот. Овој мистериозен господин беше магнет кој не можев да го игнорирам. Секој негов збор, секој поглед беше како тајна порака што ме повикуваше да направам чекор што никогаш не сум го направила порано.
Забранетата луда романтика почна во моментот кога првпат го здогледав мојот dream guy… на журче во „Епицентар“. Искрено, забавата беше малку тапа, единственото нешто што ми привлече внимание таа вечер беше тој… Изгледаше како типичен „bad boy” од филмовите – кожена јакна, неуредна, но совршена фризура, висок, смеѓ, и таа насмевка што може да те убеди во сè.
„Лошото момче”, кое секоја девојка сака да го поправи, но ретко која успева. Мене не ми се веруваше дека во Скопје постои дечко што изгледа така, просто ми беше нереално…
Нереално е како јас од само еден eye contact бев обземена од неговата харизма. Таа вечер ништо не се случи меѓу нас, буквално, не ни разговаравме, туку само одвреме-навреме се погледнувавме, па така „случајно“ ќе се допревме додека се разминувавме во гужвата, но толку.
Моментот кога дојдов дома, си реков: „Stargirl, ти мора да дознаеш кој е дечкото, како се вика и како е потпишан на Инста!“
И верувале или не, јас типот го најдов на Инстаграм за 15 минути! Ех, моите детективски skills! Додека му го разгледував профилот, нема да ви се верува што се случи! Тој ме заследи мене! Значи и господинот сакал мене да ме најде… аааа…
Поврзани објави
Се заследивме на Инстаграм и тогаш почнаа вистинските драмички, почнаа допишувањата до раните утрински часови, жешки флертувања кои ми го направија секој ден сè поинтересен и поинтересен. Искрено, дечкото ми беше to good to be true, имав чудно претчувство, кое ме јадеше однатре, и времето си покажа дека требаше уште од самиот старт да му верувам на својот инстинкт.
Дознав од една пријателка дека убавецот имал девојка и дека бил во 3 годишна врска! Не ми се веруваше! Секако дека ја „изманијачив” девојката на Инста и видов дека има објавено многу фотки со „мојов”, и искрена ќе бидам и со тешко срце ќе кажам, баш си одговараа…
Во тој момент почувствував дека оваа приказна треба да заврши, треба да заборавам на него и да престанам да комуницирам, затоа што ситуацијата ќе стане полоша, но нешто во мене не ми дозволуваше да се оддалечам. Можеби беше возбудата од тајноста или неизвесноста што доаѓаат со забранетото, но длабоко во себе знаев дека ова не е исправно.
Една вечер, на забава, ситуацијата стана уште покомплицирана. Јас го игнорирав, не се ни поздравив со него од причина што и девојка му беше со него на забавата и не сакав да се посомнева нешто. Се качив по скалите и се упатив кон тоалетот, тој дојде по мене, и пред да можам да реагирам, влезе во женскиот тоалет, ја затвори вратата зад нас, и без да каже збор, ме бакна.
Беше момент полн со страст и возбуда, се чувствував како да сум на седмо небо, но во исто време, во мене се роди чувство на вина. Почувствував како срцето ми се стега, знаејќи дека девојка му е присутна на забавата, може во секој момент да влезе во тоалетот, и едноставно јас не сум таква личност, жал ми е за девојчето. Му кажав дека мора да одам, и излетав од тоалетот…
Во наредните денови, размислував за сè – за моментите на страст, за забранетата привлечност, и за тоа како сето тоа всушност било илузија. Колку и да беше примамливо да продолжам со него, вистината беше јасна: љубовта и односите треба да се градат на искреност, почит и доверба. Ако овие основи ги нема, тогаш секоја врска е осудена на пропаст, носејќи со себе само болка и разочарување.
Одлучив да ставам крај и да се повлечам, не само заради девојка му, туку и заради себе. Сфатив дека заслужувам љубов што нема да биде скриена зад затворени врати, љубов што ќе биде чиста и слободна. Да се впуштиш во авантура со зафатен дечко можеби изгледа возбудливо на почетокот, но на крајот остануваат само горки чувства, каење и празнина.
Врските треба да бидат реципрочни и отворени, а не нешто што се крие во сенките на тајноста. Секогаш ќе постои искушение да се впуштиш во нешто забрането, но вистинската сила е во тоа да го избереш исправниот пат, дури и ако тоа значи да се оддалечиш од некој што многу те привлекува.
Дали и вие имате некои интересни случки со зафатени дечковци, кои сметате дека вреди да се споделат?
Можете слободно да нè контактирате на [email protected].
Пишува: Stargirl
Фото: Katerina Holmes/Pexels