Колкумина од вас пронаоѓаат леснотија и мир кога слушаат музика? Во секојдневниот стрес и забрзан живот, за повеќето од нас таа претставува моментално бегство од проблемите.
Истражувачите откриле позитивно влијание врз психолошката состојба на луѓето по музичка интервенција. Тие ја препорачуваат музиката како средство за ослободување негативна енергија, релаксација и рехабилитација.
Овој неодамнешен систематски преглед и мета-анализа покажале дека употребата на музички интервенции (слушање музика, пеење и музикотерапија) може да создаде значителни подобрувања во менталното здравје и помали подобрувања во квалитетот на физичкото здравје.
Како музиката влијае на квалитетот на нашиот живот?
- Го олеснува заспивањето со смирувачка плејлиста
- Принудува мотивација за вежбање преку слушање оптимистичка музика
- Помага при изразување на емоциите преку пеење
- Поврзува личности со сличен вкус, овозможува социјални средби и случувања
- Овозможува пронаоѓање утеха
Поврзани објави
Како музиката користи како терапевтска алатка?
Музикотерапијата се случува помеѓу пациент со можност за дополнителен присутен член и овластен музикотерапевт. Музикотерапевтите користат методи како пеење, истражување на инструменти, пишување песни, слушање музика, создавање плејлисти или музички разговор и и создаваат цели за подобрување на здравјето. Тоа вклучува намалување на анксиозноста, промена на расположението, намалување на перцепцијата за болка за време на рак или друг медицински третман, зголемување на изразувањето, наоѓање мотивација итн…
Иако не постои ниту една најдобра интервенција, магична песна или совршен жанр за да се олеснат сите тешки работи во животот, музиката може да биде моќен агент на промени. Пронајдете стил што ги буди најпозитивните емоции во вас, ве мотивира и охрабрува. Кога нашето ментално здравје е добро, тоа се одразува и на физичкото.
Фото: Freepik.com