Министерството за здравство соопшти дека е во постојана комуникација со кочанската болница.
Ги стави сите расположливи ресурси на располагање според потребите на локалното население, особено денес, за време на погребот на загинатите во страотниот пожар.
Во соработка со Клиниката за психијатрија, испратени се специјалисти-психијатри за поддршка на граѓаните во овие тешки моменти.
Во соработка со здравствените установи и Црвен крст е организирано и засилено присуство на медицински тимови, кои се достапни во текот на денешниот ден но и следните денови велат од министерството.
Министерството за здравство останува во комуникација со сите засегнати страни.
Постојано ќе ги следи потребите на локалното население и реагира соодветно на барањата на граѓаните