Почетна СветМосква најавува одмазда по нападот на резиденција на Путин

Москва најавува одмазда по нападот на резиденција на Путин

од nenad
1 минути читај за

декември 30, 2025

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека украинските вооружени сили синоќа ја нападнале резиденцијата на претседателот Владимир Путин во Новгородската област со 91 дрон. Според него, сите дронови биле уништени, а нема извештаи за жртви или штети.

Лавров истакна дека Москва нема да го остави нападот без одговор и дека се утврдени цели и време за потенцијална руска одмазда. Министерот нагласи дека акцијата била спроведена во период на интензивни преговори за украинскиот конфликт и дека Русија ќе ја преиспита својата преговарачка позиција поради, како што рече, преминот на Киев кон „политика на државен тероризам“.

Во исто време, Лавров потврди дека Москва нема намера да се повлече од преговорите со Вашингтон за Украина.

Post Views: 68


Извор : vesnik-ilinden.com

Москва најавува одмазда по нападот на резиденција на Путин