Почетна Убавина и здравјеМорала да ја избричи главата поради морничавата болест – Убавина и здравје

Морала да ја избричи главата поради морничавата болест – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Никол Егерт денес изгледа непрепознатливо откако тешката болест ѝ го смени личниот опис

Никол Егерт беше една од ѕвездите на популарната серија „Чувари на плажата“ и многу мажи тогаш воздивнуваа по неа. Иако Памела Андерсон беше најпозната, русокосата Никол ја играше Самер Квин од 1992 до 1994 година. Тогаш имала само 19 години.

Кратко по улогата ги зголемила градите, а по само една година, повторно ги намалила. Денес Никол Егерт има 52 години и изгледа сосема поинаку. Витата, затегната става во црвен костим за капење ја замениле широките панталони, широките маици и борбата со вишокот килограми, а Никол морала да ја избричи и главата, поради дијагнозата на рак на дојката.

Поврзани објави

По „Чувари на плажата“ нема остварено некоја позначајна улога, а во 2013 година и банкротирала. Потоа, започнала бизнис со сладолед.

Во 2018 година, актерката го привлекла вниманието на јавноста кога открила дека колегата Скот Баио ја злоупотребувал сексуално и тоа кога имала само 14 години. Рекла дека наводното злоупотребување започнало во 1986 година, на снимањето на една ТВ-емисија, на којашто работеле заедно. Тој тогаш имал 25 години и тоа се случувало еднаш неделно додека наполнила 16 години. Тој ги отфрлил обвинувањата, но признал дека имале интимни односи кога таа имала 18 години.

На почетокот од оваа година актерката јавно признала дека боледува од рак на дојка и дека се кае што легнала под нож и ги зголемила градите на 18 години.

„Ги гледам сите тие млади девојки што го прават тоа и се згрозувам. Мојот совет е да ги остават своите тела на мира. Но кога мора да го облечете тој едноделен костим за капење и толку сте рамни што костимот не е ни малку набрчкан, тогаш не можете да направите ништо. Не можете да го наполните со нешто“, рекла таа во интервју за магазинот „Пипл“ и признала дека тогаш не била ни физички, а ни психички подготвена за секојдневни снимања во костим за капење.