Почетна Убавина и здравјеУморен, сед и набилдан – Убавина и здравје

Уморен, сед и набилдан – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Актерот сосема го променил имиџот – никогаш досега не сме го виделе во вакво издание

Во јунскиот број на магазинот GQ излезе ново интервју со Бред Пит. На насловната страница Бред Пит е со брада, со побелена коса, валкан и набилдан. Дали тој штотуку постави нови стандарди за мажите во седмата деценија од животот?

Актерот давал прилично опуштени одговори на скокотливите прашања на новинарот Даниел Рајли. Неговиот децениски скандалозен развод со Анџелина Џоли го окарактеризирал како „нормален тек на работите, ништо големо, нешто што се решава правно“.

„Мојот љубовен живот е присутен во вестите веќе 30 години, брате. Или некоја верзија од мојот приватен живот, да кажеме така“, рекол тој нагласувајќи дека сега во животот му е убаво, пријатно и дека се чувствува смирено со неговата љубов и со пријателите.

Извор близок на актерот навел дека на Бред му годи тоа што е во врска со жена која не е од светот на глумата, бидејќи меѓу нив нема докажувања, ривалитет или љубомора.

Досега тој беше во брак со Џенифер Анистoн и Анџелина Џоли, а беше во врска и со Гвинет Палтроу.


Поврзани објави

Поради новиот проект, актерот изминатите 3 месеци престојуваше на Нов Зеланд, каде што го снимаше филмот „Срцето на ѕверот“, додека девојка му Инес била во Калифорнија.

Тоа ги поттикна шпекулациите дека љубовта меѓу нив се гаси, но Бред го нема искоментирано тоа, како ни тоа дека сите негови деца се откажале од неговото презиме.

Инаку, тој се вратил во Калифорнија поради промоцијата на филмот за Формула 1, кој ќе почне да се прикажува во јуни во Њујорк.

ФОТО: Инстаграм