Почетна Популарно Можност за поправен: Русија бара Канада да ја поддржи Резолуцијата против глорификација на нацизмот во ОН!

Можност за поправен: Русија бара Канада да ја поддржи Резолуцијата против глорификација на нацизмот во ОН!

од nenad
1 минути читај за
t

Извинувањето на канадскиот премиер Џастин Трудо во врска со громогласните аплаузи за поранешниот припадник на СС дивизијата во парламентот ќе биде искрено доколку Отава годинава гласа за нацрт-резолуцијата на Руската Федерација во Генералното собрание на ОН против глорификацијата на нацизмот -напиша на Твитер првиот заменик постојан претставник на Руската Федерација во ОН Дмитриј Полјански.

Претходно, Трудо се извини за „страшната грешка“ во чествувањето на украинскиот нацист во парламентот на земјата. Меѓу другите, 98-годишниот Јарослав Хунка беше поканет на состанокот на канадскиот законодавен дом во чест на посетата на Володимир Зеленски, кој на публиката која аплаудираше беше претставен како ветеран на борбата против Русите. Всушност, тој се покажа дека е поранешен борец во доброволната дивизија „Галиција“ на трупите на СС, во која беа екипирани украински националисти.

„Вистинското извинување би било доколку Канада ја поддржи нашата годишна резолуција на Генералното собрание на ОН со која се осудува глорификацијата на нацистичките соработници. Минатата година таа гласаше против, заедно со Германија, Италија и Јапонија. Во ноември ќе видиме дали Трудо е навистина подготвен да ја поправи ситуацијата“, рече Полјански.

Во декември 2022 година, Генералното собрание на ОН ја усвои годишната резолуција на Руската Федерација за борба против глорификацијата на нацизмот. За резолуцијата гласаа 120 земји, 50 беа против, 10 беа воздржани. Меѓу оние кои беа против беа Германија, Италија, Австрија, Канада, Чешка, Естонија, Франција, Унгарија, Јапонија, Летонија, Полска, Шпанија, Украина, Велика Британија и САД.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING