Почетна ПопуларноМашала: Планови за над 100 нови вработувања во Општина Кочани и ЈКП Водовод Кочани!

Машала: Планови за над 100 нови вработувања во Општина Кочани и ЈКП Водовод Кочани!

од nenad
1 минути читај за
t

На 32-та седница на Советот на општина Кочани ќе се најдат и планот за вработување во КЈП „Водовод“, планот за вработување во општина Кочани, како и планот за вработување во градската библиотека. Сите овие планови се проширени со голем број работни места.

Во КЈП „Водовод“ планирани се 85 нови вработувања од кои само 9 испразнети по основ на пензионирање! – информираат од политичката партија Левица.

-Општина Кочани испланирала 14 нови вработувања + 3 испразнети по основ на пензионирање, вкупно 17, а библиотеката две.

Овие вработувања ќе ги чинат граѓаните милиони и милиони денари, односно бројни нерешени проблеми кои би можеле да бидат решени со тие средства, наместо што градоначалникот да ги употреби за купување гласови во изборната 2024 година.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

На истата, 32 седница, Советот на општина Кочани треба да даде и согласност за формирање на паралелки со помал број ученици од законски предвидениот, при што евидентно е дека бројот на ученици е значително опаднат во однос на претходната учебна година.

Во ситуација кога сѐ поголем број кочанчани го напуштаат Кочани токму поради децениските злоупотреби и неспособноста да се создадат услови за пристоен живот за граѓаните, надлежните продолжуваат да се однесуваат раскалашено со народните пари.

Левица најостро го осудува ваквото практикување на власт, а советничката на Левица ќе гласа ПРОТИВ плановите за превработување.На безобразието , злоупотребите и арамилукот МОРА да му се стави крај! – напишаа од Левица.

.