Почетна ПопуларноШпанскиот премиер не оди на Самитот на Г-20

Шпанскиот премиер не оди на Самитот на Г-20

од nenad
1 минути читај за
t

Шпанскиот премиер Педро Санчез го откажа своето патување во Индија на самитот на Г-20 бидејќи се заразил со коронавирус, објави тој вечерва.

-Вечерва бев позитивен на тестот за ковид, така што нема да можам да патувам во Њу Делхи на состанокот, објави Санчез, и додаде дека се чувствува добро.

Санчез, 51-годишен социјалист, беше тестиран за ковид пред Самитот, кој се одржува во сабота и недела

Земјите собрани на форумот на Г20 сочинуваат две третини од светското население и создаваат 85 отсто од глобалниот БДП.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

Нивните лидери треба да разговараат за безбедноста на снабдувањето со храна, климатските промени и долговите на сиромашните земји.

-Шпанија на средбата ќе биде добро претставена од вицепремиерот и министерот за економија и министерот за надворешни работи, изјави Санчез.

На Самитот земјите како САД, Русија, Кина, Индија, Бразил и Германија треба да усвојат заедничка декларација.

.