Почетна Убавина и здравјеМоже ли подобро од ова? – Највлијателната личност на годината и најубава жена на светот (ФОТО)

Може ли подобро од ова? – Највлијателната личност на годината и најубава жена на светот (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Нeодамна, претставништвото на магазин „Тајм“ организира гала-вечера, на која многу познати ѕвезди блеснаа. Сепак, една специјална личност успеа да привлече посебно внимание на јавноста…

Магазинот „Тајм“ секоја година објавува листа на највлијателните славни личности за таа година. Листата носи назив „Time 100“ и, како што може да се претпостави од самото име, таа вклучува 100 големи имиња од различни сфери на јавниот живот.

Признавањето им се доделува на највлијателните личности кои со својот труд и ангажман успеале да направат значајна промена во општеството.

Во чест на овие личности, претставништвото на „Тајм“ го одржа свеченото доделување на признанијата во Њујорк, каде што многу славни личности блеснаа на црвениот тепих. Но, најголемо внимание привлече една убавица…

Станува збор за пејачката Никол Шерцингер, која оваа година се најде на горепоменатата листа. Таа прошета по црвениот тепих во блескава црна тоалета со сирина-крој.


Поврзани објави

Креацијата е дело на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад, а ја красат блескави монистри.

Покрај тоа, во делот на градите, фустанот има фин раб од сатен, кој ги открива женствените раменици на Никол и го нагласува нејзиното бујно деколте. За да го комплетира овој гламурозен изглед, пејачката се одлучи за едноставна, брановидна фризура, нежна шминка во земјени тонови и, секако, блескава насмевка.

Како ви изгледа вам?

Фото: Инстаграм