Водителот во „Амиџи шоу“ откри анегдота од детството која ги насмеа гостите во студиото
Водителот Огњен Амиџиќ ги изненади гледачите со несекојдневна исповед, откривајќи детал од своето детство кој досега никогаш јавно не го споделил. Во текот на емисијата, тој реши да даде личен пример за да го охрабри гостинот да открие нешто непознато за себе.
Во моментот кога трубачот Дејан Петровиќ доби задача да раскаже тајна од својот живот, водителот ја презеде иницијативата и ја раскажа својата анегдота. Тој признал дека како дете имал необична навика кога во домот доаѓале другарките на неговата баба.
Поврзани објави
Амиџиќ со насмевка објасни дека легнувал под масата и им ги галел нозете преку чорапите, додека тие збунето реагирале, а баба му ги смирувала со зборовите дека „сè е во ред“. Со доза хумор додаде дека не станувало збор за какви било чорапи, туку исклучиво за грилонки.
Ова признание предизвика смеа и изненадување во студиото, а гостите истакнаа дека ваква приказна досега немале слушнато. Водителот, кој неодамна наполни 50 години, уште еднаш покажа дека не се плаши да се пошегува на своја сметка и да ја опушти атмосферата со искрени и неочекувани анегдоти.
Printscreen/Youtube/ TV Pink