Почетна Убавина и здравјеМоделката од Израел има само 19 години! – Убавина и здравје

Моделката од Израел има само 19 години! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Боженствена убавина

Новата девојка на американскиот актер Леонардо ди Каприо е моделот од Израел, Еден Полањи, која е речиси 30 години помлада од него!

Леонардо ди Каприо оваа недела бил снимен на забава со нова девојка. Според ОК!, непознатата убавица била Еден Полањи.

 

Таа има само 19 години, работи како модел и е членка на агенцијата ITM Model Management.

 

Еден Полањи е четири години помлада од претходната наводна љубовница на актерот, надежната актерка Викторија Ламас.

Во август 2022 година, 48-годишниот Леонардо ди Каприо раскина со манекенката Камила Мороне набргу откако таа наполни 25 години. Во изминатите шест месеци, актерот постојано беше забележан на средби со манекенки погодни да бидат негови ќерки, од 27-годишната Џиџи Хадид до 22-годишната манекенка од Украина Марија Берегова.


Инспирирано од: www.ubavinaizdravje.mk