Обдукциските резултати покажале низ каква борба со здравјето поминувал Мајкл Медсен
Извештајот од обдукцијата на Мајкл Медсен ја открил болната здравствена битка на легендарниот актер пред неговата ненадејна смрт на 67 години на почетокот од месецот.
Ѕвездата од филмот „Убиј го Бил“ на 3 јули била пронајдена во несвесна состојба во својот дом во Малибу. Подоцна, била потврдена неговата смрт.
Менаџерот на Медсен претходно тврдел дека причината за смртта била „срцев застој“, но мртвопроверителите откриле дека до тоа дошло како последица на кардиомиопатија, коронарна болест на срцето и хроничен алкохолизам.
Имал уште едно значајно заболување – тромбоемболиска болест, односно крвни згрутчувања кои предизвикуваат затнување на крвните садови или артериите.
Уверението од канцеларијата на мртвопроверителите од округот Лос Анџелес потврдува дека телото на Медсен во меѓувреме било кремирано.
Коронарна болест на срцето е состојба која предизвикува стеснување или затнување на артериите што носат крв до срцето, што го ограничува дотокот на крвта во срцевиот мускул и доведува до недостиг од кислород и оштетувања.
Поврзани објави
Оваа болест е најчестата форма на срцеви заболувања и погодува еден од 20 Американци постари од 20 години.
Обично се развива како последица на насобирање плак (масни наслаги и холестерол) на внатрешните ѕидови на коронарните артерии и може да предизвика непријатност, притисок или стегање во градите, кои може да се прошират на рацете, вратот, вилицата или грбот.
Кардиомиопатија е болест на срцевиот мускул која влијае врз неговата големина, форма и структура. Таа ја нарушува способноста на срцето ефикасно да пумпа крв низ телото, а може да влијае и врз начинот на кој електричните сигнали го контролираат срцевиот ритам. На почетокот од месецот, кардиологот на Медсен открил дека официјалната причина за смртта е откажување на срцето, додека срцевата болест и алкохолизмот се наведени како фактори што придонеле за тоа.
Шерифскиот отсек на округот Лос Анџелес го смета случајот за затворен, без индикации за сомнителни околности. Смртта е окарактеризирана како природна. Адвокатот на Медсен изјавил дека актерот, познат по улогите во филмовите на Тарантино „Улични кучиња“ и „Убиј го Бил“, се борел со зависност од алкохол пред трагично да почине.
Медсен бил најпознат по честите соработки со режисерот Квентин Тарантино, така што глумел во филмовите „Улични кучиња“ (1992), „Убиј го Бил“ (2004/5)“, „Омразената осумка“ (2015) и „Си било еднаш во Холивуд“ (2019).
ФОТО: Инстаграм