Почетна Убавина и здравјеМногумина го даваат како подарок, а се верува дека носи беда – Убавина и здравје

Многумина го даваат како подарок, а се верува дека носи беда – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Според народните верувања, постојат некои работи што никако не треба да ги подарувате

Дарувањето претставува посебен знак на внимание, а според народните верувања, постојат подароци што не треба да се даваат, бидејќи носат несреќа и беда.

Во продолжение ви откриваме кои работи никако не би требало да ги подарувате, според старите верувања…

Остри предмети

Острите предмети, како нож, игла и слично, никогаш не треба да им се подаруваат на драгите луѓе. Подарувањето на овие предмети по извесно време предизвикува кавги и прекин на односот.

Огледало и садови

Се верува дека во огледалата има заробена магија. Наводно, подареното огледало носи неволја во животот на оној што го добил, додека може да се подаруваат садови, само ако во секој сад се стави по една паричка, бидејќи се верува дека празните садови носат сиромаштија.

Часовник и запалка

Ако сакате да одбегнете конфликти и прекин на односот, не треба да ги подарувате овие предмети. Постои старо верување дека ако девојка му купи часовник на момчето, или тој нејзе, ќе почне да отчукува часовникот до нивната разделба. Кинеските мудреци веруваат дека прифаќањето часовник како подарок значи почеток на одбројувањето до смртта.

Марами и шалови


Поврзани објави

Се верува дека носат неволји и лоши луѓе во животот на оној што ќе добие ваков подарок.

Бисери

Бисерите се чинат како одлична идеја, но се верува дека подарените бисери носат болести и загуби во домот. Бисерите се симбол на солзите на сирачињата и вдовиците и токму затоа и настанало подарувањето бисери како тренд.

Пари

Парите, исто така, се на списокот подароци што не би смеело да се подаруваат, додека денес, многу е чест обичајот да се подари честитка со пари наместо подарок.

Цвеќе

Цвеќето е најчестиот подарок што го добиваат дамите и идеален е за сите пригоди, но треба да се обрне внимание на начинот на кој се подарува. Според обичајот, треба да се подаруваат непарен број цветови, бидејќи парен се носи на гробишта. Тоа не важи за букетите од ситно цвеќе. Одбегнувајте да подарувате хортензија, хризантема и лилјани, бидејќи тоа цвеќе обично се носи на гробишта.

Од истата причина никогаш не треба да купувате и подарувате вештачко цвеќе. Се верува и дека секоја боја на цвеќиња има одредено значење (црвена – љубов, бела – невиност, жолта – љубомора и слично.)

ФОТО: Wijdan Mq / Unsplash